Достапни линкови

Популистички методи за економските проблеми


Партиите треба да бидат внимателни со економските програми, оти станува збор за чувствителна тема. Партиите во борба за гласови предлагаат популистички идеи слични една на друга, без притоа да ги решат горливите економски проблеми.

Експертите препорачуваат внимателност со даночните политики, бидејќи станува збор за чувствителна тема. До овој нивен коментар доаѓа по промовирањето на платформата на опозициската СДСМ за социјална политика, даноци и плати, на што уследија контра предлози од владеачката ВМРО-ДПМНЕ.

Целата активност на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот во последните месец два е предзиборна кампања, а штета е ако по тоа се поведaт и од опозицијата.

Поранешниот претседател на Собрaнието Стојан Андов со забелешка дека програмите на партиите на треба да почнуваат да личат една на друга, туку дека централно прашање на македонската економија треба да биде како да се помогне и да заживее домашното стопанство.

„Целата активност на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот во последните месец два е предзиборна кампања, а штета е ако по тоа се поведaт и од опозицијата. Некоја социјална правдa во таа смисла невозможна е или нема да дава мотивација на тие кои го промовираат бизнисот.“

Според него не треба да се фалиме со тоа што ќе ги оданочуваме тие што имаат високи плати, туку треба да се изнајде концепт како да се помага домашниот бизинис, a тоа само по себе треба да овозможи повисоки плати во Македнија.

„Да се направи програма која ќе овозможи домашното стопанство да почне да чекори напред, а тука платите не треба да се оданочуваат. Зошто ќе донесеме и странци кои ќе знаат да креираат решенија, ќе научиме наши кои ќе знаат да креираат решенија. Ако ги оданочиме веднаш ќе одат на друго место, бидејќи нивниот труд толку вреди, дава ефекти.“

На ВМРО-ДПМНЕ, пак, Андов им забележува дека погрешна е политиката на давање државна помош на компаниите што се носат од надвор. Андов вели дека Македонија има дрвна, текстилна и други индустрии и оти состојбите во некои од нив се оставени на ниво од 89-та година, односно оти се и чекор поназад, а дека со воведување нови технологии во овие компании може да се поправи домашниот бизнис.

„Тие пари што се даваат за тоа, ако се дадат за развој на сопственото стопанството ќе има многу поголеми ефекти. Институции да се основаат кои ќе раководат со државната помош. Да не може владата да дава на овој или на оној.“

СДСМ бара праведна прераспределба на доходот и извлекување од сиромаштија, оценувајќи дека Македонија има најголема нееднаквост во распределбата на доходот во Европа. ВМРО-ДМПНЕ реагираа дека Македонија има најниски даноци. СДСМ деновиве разменија мислења и за начините на ослободување на контролните механизми врз власта.

Алајдин Демири вели дека во платформата на СДСМ има и предлози кои се реално остварливи, но оти има и политики во функција на собирање гласови пред новите избори планирани во април. За ВМРО-ДПМНЕ, Демири вели дека начинот на кој се поставуваат не е новина бидејќи тие постојано се во кампања.

„Сето она што го прават, го сметаат како нивно творештво за државата, вклучувајќи го и Скопје 2014 и други работи. Но посебноста кај нив е што кампањата никогаш не завршува“, вели Демири.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG