Достапни линкови

Мерон: Сите случаи ќе бидат завршени до 2017 година


Теодор Мерон

Теодор Мерон

Претседателот на Хашкиот трибунал Теодор Мерон поднесе годишен извештај до Генералното собрание на Обединетите нации, наведувајќи дека Судот сите случаи, како и својот мандат, ќе ги заврши до 2017 година. Мерон додаде дека Трибуналот во оваа година донел две жалбени пресуди како и дека до крајот на годинава ќе донесе второстепена пресуда во судењето на Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, додека догодина ќе реши четири судења и две жалбени постапки. Во 2017 година би требало да бидат завршени постапките против Радован Караџиќ и Ратко Младиќ.

XS
SM
MD
LG