Достапни линкови

logo-print

Ван Хоуте бара компромис од партиите


Питер Ван Хоуте

Питер Ван Хоуте

Белгискиот експерт, Питер Ван Хоуте денеска изјави дека политичките партии во преговорите постигнале напредок во приближување на позициите за избирачкиот список и за повеќето прашања. Според него, останува отворено прашањето за дијаспората, а не е решено и прашањето околу гласањето на ДИК.

„Кога постигнуваш компромис даваш нешто и добиваш нешто за возврат, тоа сакам сите партии да го сфатат. Не можеш се да добиеш, сакам да постигнеме компромис и добро решение, тоа е се што ни треба“, вели Ван Хоуте, кој посредува во преговорите.

XS
SM
MD
LG