Достапни линкови

logo-print

Кривична истрага за падот на малезискиот авион


Холандскиот премиер Марк Руте.

Холандскиот премиер Марк Руте.

Холандскиот премиер Марк Руте изјави дека извештајот на холандските истражители за падот на авионот на Малезија ерлјанс МХ17 е важен за градење на кривична истрага за трагедијата.

Тој ја повика Русија на комплетна соработка со кривичната истрага предводена од холандските обвинители. Но, Москва го критикуваше извештајот како „пристрасен“. Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Ријабков, вели дека „има очигледни намери за политички поредок.“

Белата куќа го опиша холандскиот извештај како „важна пресвртница во напорите да се побара одговорност.“ Малезиската Влада вети дека ќе побара кривично гонење за инцидентот. Во меѓувреме европскиот уредник на магазин за воени информации, Ник Ларинага отиде чекор понатаму од холандскиот извештај. Тој го идентификуваше проектилот „Бук“ како најнова верзија што се користи од страна на Русија, иако руските претставници велат дека проектилот бил постари верзија што не се користи.

Уредникот вели дека „целосната слика е убедлива“ и дека авионот бил срушен од проектил земја-воздух од типот „Бук“, кој бил управуван од територијата на бунтовниците во источна Украина.

Во холандскиот извештај не е наведено точно кој тип од проектилите „Бук“ е користен или пак точната локација од каде е лансиран. Истражителите идентификуваа само територија од 320 километри квадратни под контрола на про-руските бунтовници.

XS
SM
MD
LG