Достапни линкови

Во Москва притворени тројца осомничени терористи


Судот во Москва одреди притвор пред судење за тројца мажи осомничени дека планирале терористички напад во рускиот главен град. Окружниот суд Лефортово одлучи тројцата да бидат држени во притвор до 12 декември, без можност за кауција. Шефот на федералната служба за безбедност Александар Бортинков денска изјави дека осомничените били меѓу група од 12 руски државјани кои биле уапсени на 11 октомври. Еден од нив дошол од Сирија во Русија за да го организира терористичкиот напад во Москва. Тие биле меѓу членовите поддржувачи на групата на Исламската држава на Блискиот Исток.

XS
SM
MD
LG