Достапни линкови

Еврокомесарот Хан загрижен за пробиените рокови


Комесарот Хан многу внимателно ја следи имплементацијата на политичкиот договор во Скопје. Тој е целосно во тек со моменталните одложувања во донесувањето одлуки за клучните прашања, и е загрижен дека некои од роковите што се договорени од страна на политичките лидери не се исполнети. Потребно е итно да се направи напредок за носење на одлука во врска со изборните реформи и воспоставување на Државната изборна комисија и да се обезбеди правилно функционирање на канцеларијата на Специјалниот обвинител и формирање на Анкетната комисија, соопшти денеска во Брисел портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчиќ.

XS
SM
MD
LG