Достапни линкови

logo-print

Резултати од истрагата за падот на авионот на Малезија ерлајнс


Холандските истражувачи на авионски несреќи денеска ќе го објават својот конечен извештај за падот на авионот на Малезија ерлајнс МХ17 во источна Украина, кој најверојатно ќе ги влоши и онака напнатите односи меѓу Русија и Западот. Наодите од 15 месечната истрага на Холандскиот одбор за безбедност треба денеска да бидат објавени на прес-конференција на која ќе говори и премиерот Марк Руте. Во извештајот ќе биде наведено како Боингот 777 падна на 17 јули 2014 година, но не и кој е одговорен. Првичните наоди на Одборот велат дека авионот бил погоден од „високо енергетски објекти надвор од авионот. 298 луѓе повеќето од Холандија загинаа при падот во летот меѓу Амстердам и Каула Лумпур. Несреќата се случи за време на жестоки борби меѓу украинските сили и про-руските бунтовници. Киев и Западот ги обвинуваат бунтовниците, но Москва и државен руски проиводител на оружје Алмаз-Антеј ги отфрлаат обвинувањата тврдејќи дека авионот најверојатно е срушен од проектилите БУК на Киев. Рускиот производител на оружје Алмаз-Антеј соопштува дека нивната истрага за минатогодишниот пад на авионот МХ17 во источна Украина е контрадикторна во однос на Холандскиот одбор за бебедност. Шефот на концернот Алмаз-Антеј, Јан Новиков не прецизираше што содржи ивештајот и дали однапред им бил даден на увид.

XS
SM
MD
LG