Достапни линкови

Иранскиот парламент го одобри нуклеарниот договор


Официјалната иранска новинска агенција ИРНА објави дека иранскиот парламент и даде поддршка на владата за спроведување на нуклеарен договор со светските сили. Сепак, во донесувањето на законот за поддршка на договорот, иранските законодавци додале дека меѓународните инспектори ќе треба да имаат само ограничен пристап до иранските воени локалитети. Според договорот, санкциите против Иран постепено ќе бидат укинати во замена за тоа што Техеран ќе ги ограничи своите нуклеарни активности.

XS
SM
MD
LG