Достапни линкови

САД разочарани од изборите во Белорусија


Александар Лукашенко

Александар Лукашенко

Соединетите држави соопштија дека биле разочарани од претседателските избори во Белорусија наведувајќи дека оваа поранешна советска република не ги исполнила меѓународните стандарди за одржување слободно и фер гласање. Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека меѓународните посматрачи забележале сериозни проблеми на изборите на кои Александар Лукашенко доби уште еден петти мандат за претседател на Белорусија. Меѓу проблемите се наведуваат неможноста меѓународни и домашни посматрачи да го набљудуваат пребројувањето на гласовите и отсутноста на опозициски претставници во изборните комисии. 61 годишниот Лукашенко доби 83 ипол насто од гласовите, додека неговиот ривал Татијана Короткевич нешто над 4 проценти.

XS
SM
MD
LG