Достапни линкови

Ал Каеда најави одмазда за руската акција во Сирија


Лидерот на сирискиот Фронт Нусра, огранок на Ал Каеда побара одмазда за она што го нарече незаконско убивање на сунитски муслимани во руските воздушни напади во Сирија. Во аудио порака објавена на Јутјуб Аби Мухамед ал Голани изјави дека руската воена интервенција има за цел да го спаси претседателот Башар ал Асад, односно да остане на власт во Сирија. Според него, бунтовниците би требало да ги интензивираат нападите врз малцинските Алавити муслимани на кои им припаѓа и претседателот Асад. Тој оцени дека руската интервенција била нова христијанска крстоносна војна и вети дека русите ќе се соочат со пострашни ужаси од оние во Авганистан. Радикалниот Фронт Нусра е една од најмоќните сили кои се борат против владините сили поддржани од Русија.

XS
SM
MD
LG