Достапни линкови

logo-print

ЕУ ги укинува санкциите кон Белорусија


Европската унија одлучи привремено да ги суспендира санкциите против Белорусија и покрај загриженоста во врска со претседателските избори што се одржаа на 11 октомври. Францускиот државен секретар за надворешни работи Харлем Десир рече дека одлуката за четиримесечно укинување на санкциите што ќе почне во јануари дошла откако „изборите се одржале на најтренспарентен и најмирен можен начин.“ Тој додаде дека укинувањето на санкциите овозможува доколку се направи чекор назад тие да бидат вратени. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Шатајнмаер го нотираше позитивниот развој како ослободувањето на политичките затвореници, но рече дека изборите не ги исполнуваат меѓународно поставените стандарди. Официјалните резултати покажуваат дека актуелниот претседател Александар Лукашенко победи со над 83 отсто од гласовите.

XS
SM
MD
LG