Достапни линкови

Aнтивладини протести во Анкара


Стотици луѓе денеска протестираа во Анкара поради двојниот самоубиствен напад во саботата, при што загинаа 97 луѓе, а стотици се повредени. Денешниот протест се претворија во антивладини демонстрации обвинувајќи ги властите дека не презеле мерки за заштита на мировниот марш, како и дека Владата стои зад нападите. Демонстрантите извикуваа „Државата е убиец кој ќе одговара“. Сличен протест беше организиаран и во студентскиот град во Анкара. Претходно,турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави дека истрагата за двојниот бомбашки напад во Анкара е фокусирана на Исламска држава. Тој рече дека полицијата е близу до идентификација на еден од двајцата бомбаши-самоубијци, одговорни за нападот и оти се врши ДНК анализа на остатоците од напаѓачите. Давутоглу оцени дека нападот претставува обид да се влијае на резултатот од парламентарните избори закажани за 1. ноември и оти ќе бидат преземени неопходните мерки доколку се покаже дека безбедносни пропусти го олесниле изведувањето на нападот.

XS
SM
MD
LG