Достапни линкови

ЕУ ја критикуваше руската кампања во Сирија


Европската унија ја критикуваше руската воена интервенција во Сирија. На денешниот состанок министрите за надворешни на ЕУ ја предупредија Москва да ги фокусира нападите врз групата на Исламската држава и да не врши напади против умерената опозиција во исто време. „САД, ЕУ и Русија мора да бидат координирани“, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини, додавајќи дека во спротивно ризикот е многу голем не само од политичка, туки и од воена гледна точка. Руските воздушни напади ги поддржуваат сириските трупи против бунтовниците во центарот на земјата. Миноистрите на ЕУ преку соопштение велат дека оваа воена еслкалација претставува ризик за пролонгирање на конфликтот, поткопување на политичкиот процес, влошување на хуманитарните услови и радикализирање на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG