Достапни линкови

Разговори за членство на Косово во УНЕСКО


Извршниот совет на УНЕСКО денеска го стави на дневен ред предлог-препораката за прием на Косово, изјави портпаролот на организацијата Џорџ Папагианис. Тој посочува дека прашањето ќе биде разгледувано на 21 октомври. Несогласување со одлуката да се разговара за приемот на Косово во УНЕСКО изразија претставниците на Русија, Кина, Куба и Аргентина. Поголемиот број од останатите претставници истакнаа дека тоа што приемот на Косово е ставен на дневен ред не значи дека е донесена одлуката за членство во УНЕСКО.

XS
SM
MD
LG