Достапни линкови

ОБСЕ ги критикуваше изборите во Белорусија


Набљудувачката мисија на ОБСЕ ги критикуваше претседателските избори во Белорусија. Александар Лукашенко, кој 21 година владее во земјата, победи на изборите на 11 октомври со 83,5 отсто од гласовите. Претседателот на набљудувачката мисија на ОБСЕ, Кент Хастед денска изјави дека на изборите недостасувале демократски стандарди. „Јасно е дека Белорусија се уште има долг пат кон исполнување на демократските стандарди“, рече Хастед. Тој додаде дека покрај некои позитивни трендови во овогодинешната предизборна кампања, белоруските власти создале „нерамен терен за изборната кампања“, каде е најасна линијата меѓу кандидатурата на Лукашенко и интересите на државата. Хастед изрази разочараност поради одредени пропусти за време на сумирањето на гласовите.

XS
SM
MD
LG