Достапни линкови

Обама: Стратегијата на Путин покажува слабо лидерство


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека рускиот претседател Владмир Путин покажува слабо лидерство преку поддршката на Дамаск, и покрај тоа што Москва тврди дека и помага на легитимната влада во борбата против бунтовниците. „Решавањето на основната криза ќе биде нешто што бара клучните играчи на крајот да признаат дека ќе треба да има транзиција кон нова влада“, рече Обама за мрежата Си-Би-Ес. Обама зборуваше додека силите на сириската Влада вчера направија значајна предност против бунтовниците, благодарение на воздушните напади на Русија.

XS
SM
MD
LG