Достапни линкови

Застрелан член на персоналот на ОН во Авганистан


Авганистански претставник соопшти дека работничка на Обединетите Нации била застрелана од вооружено лице во градот Кандахар. Портпаролот на гувернерот на провинцијата Кандахар денеска изјави дека авганистанката Топакаи Олфат од дома тргнала накај својата канцеларија, кога напаѓачот од мотор ја застрелал и ја убил. Мисијата за помош на Обединетите Нации во Авганистан преку соопштение ја потврди смртта на Олфат. Ниту една група не ја презема одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG