Достапни линкови

Заев во посета на Израел


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев престојува во посета на Израел каде ќе оствари средби со претставници на Владата и на бизнис заедницата.
Како што е најавено, денеска Заев ќе има средба со претседателот на Израел, Реувен Ривлин, а потоа ќе оствари и состанок со претставници на израелската бизнис заедница.
Утре ќе се сретне со вицепремиерот Силван Шалом и со министерот за инфраструктура, енергетика и води, Јувал Стеинц.
Во рамки на официјалната посета на Израел, претседателот на СДСМ ќе ги посети и светите места во Ерусалим, а, како што се наведува во соопштението од СДСМ, предвидено е да даде и интервју за познат израелски медиум.

XS
SM
MD
LG