Достапни линкови

Уапсени за подготвување терористички напад во Москва


Руската полиција уапсила група луѓе кои се подготвувале да изведат терористички напад во Москва, објави рускиот Национален одбор за контратероризам без да ги наведе мотивите зад таквиот чин. Според новинската агенција ТАСС, истражните органи пронашле рачно изработена направа со околу четири килограми експлозив. Поради интервенцијата на полицијата од станбената зграда во западниот дел на Москва биле евакуирани над 12 луѓе. Не се наведува бројот на уапсените ниту на кое движење им припаѓаат.

XS
SM
MD
LG