Достапни линкови

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Кабул


Пет луѓе загинале, а петмина други биле ранети во хеликоптерска несреќа во базата на НАТО во главниот авганистански град Кабул, соопшти Алијансата. Во соопштението се прецизира дека вчерашниот инцидент не бил предизвикан од непријателски напад. Британското министерство за одбрана соопшти дека меѓу загинатите имало и двајца припадници на Британското кралско воздухопловство.

XS
SM
MD
LG