Достапни линкови

logo-print

Сириските трупи напредуваат против бунтовниците


Сириските сили постигнале значителен напредок против бунтовниците. И официјален Дамаск и опозициските бунтовници соопштија дека владините сили се пробиле во северозападната провинција Идлиб, како и во провинцијата Хама. Во исто време, Русија соопшти дека во изминативе 24 часа врз позиции на милитантите на Исламската држава биле извршени над 60 воздушни напади во Хама, Латакија и Идлиб. Во интервју за руската државна телевизија рускиот претседател Владимир Путин изјави дека цел на Москва е да ја стабилизира легитимната власт на сирискиот претседател Башар ал Асад и да се создадат услови за политички компромис во Сирија.

XS
SM
MD
LG