Достапни линкови

logo-print

Времето денеска: променливо облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд во северните делови од земјата. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде од 10 до 16 степени Целзиусови, а дневната од 16 до 23 степени. Во Скопје претпладне ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 20 степени.

XS
SM
MD
LG