Достапни линкови

Надеж и за заштита на спомениците на културата


Мостот Еленски скок.
Мостот Еленски скок.

Пилот проектот за локален развој на регионот Дебар – Река дава надеж дека конечно ќе се заштитат спомениците на културата, а потоа од нив ќе има и економски ефекти.

Во состојба кога во одредени региони има оштетувања на културно историските споменици, целосното реализирање на пилот проектот за локален развој на регионот Дебар – Река дава надеж дека конечно ќе се заштитат овие споменици на културното минато, а потоа од нив ќе има и економски ефекти. Имено, по реализацијата на првата фаза на проектот, а тоа е територијалната дијагноза, стартуваше и втората фаза, а тоа е изработката на Развојната стратегија.

Соработката со локалните власти во општините Дебар и Mаврово-Ростуше е на високо ниво. Таква е соработката и со невладините организации, културно уметничките друштва и други групации и личности.
Орхидеја Зорова, проектен менаџер.

„Предвидуваме активностите да продолжат со нагласена динамика, бидејќи наскоро треба да биде изработена развојната стратегија и потоа истата да биде валоризирана. Така што, до крајот на 2015 година проектот успешно треба да заврши во својата пилот фаза, што подразбира изработка на Оперативна програма на акционен план и формирање на таканаречена Територијална повелба, а тоа е европски термин кој ги соединува сите овие документи. Потоа ќе следи валоризација на документите од страна на министерствата, локалните власти и на на сите активни партнери во проектот за да стартуваат и другите активности“, вели Орхидеја Зорова, проектен менаџер.

Овој значаен проект на Советот на Европа за регионален локален развој има силна поддршка, како од централната, така и од локалната власт.

„Соработката со локалните власти во општините Дебар и Mаврово Ростуше е на високо ниво. Таква е соработката и со невладините организации, културно уметночките друштва и други групации и личности. Ние имаме бројни контакти, заеднички средби, заедно ги анализираме и изработуваме документите се се друго, што е во интерес на пилот проектот“, вели таа.

Инаку на локално ниво двете општини и тоа Дебар и Маврово –Ростуше на свои седници оценија дека со овој проект се очекува и конечно заштитување на културно-историските споменици од овој западен регион на Македонија. Досега токму во овој регион има уништувања и оштетувања на овие споменици на културата.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG