Достапни линкови

Турската полиција привела 14 припадници на Исламска држава


Турските новински агенции јавија дека полицијата привела 14 осомничени припадници на Исламска држава во централниот дел на Турција, но не е јасно дали приведувањето е поврзано со вчерашниот напад. Групата осомничени се приведени во повеќе рации по куќи.

Премиерот Ахмет Давитоглу изјави дека има силни знаци дека се во прашање самоубиствени бомбашки напади, сугерирајки дека одговорни би можело да бидат милитантите од Исламска држава или курдските бунтовници

Во меѓувреме Турските власти формираа четиричлена комисија за истрага на експлозијата во Анкара во која загинаа 95 лица

Околу 160 луѓе кои се повредени во експлозиите и натаму се во болница,од кои 65 се во тешка состојба.

Полицијата денеска употреби солзавец за да ги спречи луѓето да положат цвеќе на местото на експлозијата,тврдејќи дека истрагата е во тек. Меѓу нив беа и лидерите на прокурдската партија.Луѓето потоа тргнаа кон центарот на Анкара извикувајќи слогани против претседателот Реџеп Таип Ердоган,кој многумина го обвинуваат за золемување на насилствата во Турција.

XS
SM
MD
LG