Достапни линкови

Во Турција тридневна жалост,над 95 загинати во нападите


Турција прогласи тридневна жалост, откако најмалку 95 лица загинаа во вчерашните експлозии во близина на мировниот собир во главниот град Анкара. Владата соопшти дека 245 лица се повредени во "терористичкиот акт", а 48 од нив се во критична состојба. Премиерот Ахмет Давутоглу рече дека има "силни знаци" дека бомбаши самоубијци го извршиле нападот , кој доаѓа на три недели пред прегласувањето на општите избори во јуни. Експлозиите се случија додека луѓето се собираа за планираниот "мировен марш"за да се заложат за решавање на конфликтот меѓу Владата и курдските милитанти во југоисточниот дел на земјата. Маршот, кој е откажан, беше организиран од прокурдските и левичарските политички партии. Илјадници демонстранти подоцна се собраа во Истанбул, извикувајќи антивладини пароли и обвинувајќи ја владата за бомбашките напади во Анкара.

XS
SM
MD
LG