Достапни линкови

logo-print

Македонија го празнува 11 Октомври


Република Македонија денеска одбележува 74 години од почетокот на антифашистичкото востание и народноослободителната војна.

Организираното востание почна во 1941 година кога Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Во Собранието денеска ќе биде врачена Државната награда „11 Октомври“ во областа на културата и уметносста,на четворицата добитници.Тоа се академик Митко Маџунков, писател, а во областа на науката и образованието на проф. д-р Никола Јанкуловски, дигестивен хирург, проф. д-р Махмуд Хиса, професор по албански јазик и на проф. д-р Марјан Димитријевски, историчар и научен работник.

Делегации на Собранието и на Владата ќе положат цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел, гробот на претседателот Борис Трајковски, на генерал Михајло Апостолски и на претседателот Киро Глигоров , како и на споменикот на Методија Андонов Ченто и Споменикот на паднатите херои за Македонија во паркот „Жена борец“.

XS
SM
MD
LG