Достапни линкови

Вељановски повика на единство за излез од политичката криза


На свечената академија по повод Денот на народното востание 11 октомври претседателот на Собранието Трајко Вељановски повика на единство за излез од политичката криза.

Власта и опозицијата имаат свој дел од обврските, но, нивната цел треба да биде Македонија , потенцира Вељановски пред присутните во салата на македонскиот народен театар каде што беа шефот на државата Иванов, премиерот Груевски, министри и пратеници.

Но на свечената академија немаше преставници на опозицијата, ниту на дипломатскиот кор во Скопје.

XS
SM
MD
LG