Достапни линкови

logo-print

Заев: СДСМ не е против гласовите на дијаспората


Не постои никаде став на СДСМ дијаспората да не гласа. Дијаспората треба и мора да гласа. Начинот на кој се бориме е уставната еднаквост на гласот, изјави денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на манастирот „Свети Димитрија“ кај прилепското село Селце.

Предлогот на СДСМ, наведе Заев, е да има цензус и да се бира пратеник со исто онолку гласови колку што се бира во Македонија или гласовите на нашинците кои гласаат во дијаспората да влезат овде во една изборна единица или колку и да се изборни единици. На тој начин, според Заев, ќе се добие еднаков третман на гласот на граѓаните. - Овие решенија се принципиелни, уставно возможни и потребни за да може нашата дијаспора да гласа, изјави Заев.

Во однос на разговори на работните групи за изборниот законик Заев рече дека очекува по празникот, од вторник, решенијата да се најдат во Парламентот и да бидат изгласани. - Од тоа што сум информиран од господинот Питер Ванхауте е дека до утре, недела, им треба време да го состават конечното решение на законскиот текст и работната група утре да го презентира. Се надевам дека тука ќе биде се конечно усогласено за веднаш по празничните денови, во вторник, да биде преточен како законско решение во Парламентот и да биде донесен. Се надевам, зашто доволно време изгубивме, рече Заев.

XS
SM
MD
LG