Достапни линкови

Партиите блиску до договор за изборниот законик


И денеска, како и вчера, продолжија поединечните средби и контакти на партиите со европскиот медијатор Питер Ванхауте, за изборната регулатива откако и вчера не беше постигнат договор.

За утре се очекува заедничка средба, а двете страни се оптимисти дека може да се постигне и конечен договор.

Изборниот законик во вторник би влегол во собраниска процедура, а работните групи продолжуваат да преговараат за реформа на медиумите, пред се на МРТВ, со намера да завршат до 15-ти.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од денешната работна средба во Прилеп најави дека очекува во вторник изборниот законик да се најде на гласање во парламентот и со тоа да се затвори уште една точка од договорот во Пржино.

Тој рече дека е постигнат голем напредок и дека во текот на утрешниот ден очекува изборниот законик да и биде презентиран на јавноста.

Партиски извори велат дека ВМРО-ДПМНЕ но и ДУИ и ДПА се изјасниле дека и на предвремените парламентарни избори треба да останат 6 изборни единици а на едена што било прифатливо само за опозициската СДСМ. Најверојатно во конечниот изборен закон на странците ќе помине предлогот на мнозинството односно ќе остане стариот модел, гласање во 6 изборни единици.

XS
SM
MD
LG