Достапни линкови

logo-print

Тодоров: Проблем во преговорите барањето на СДСМ за гласањето на дијаспората


Никола Тодоров од ВМРО ДПМНЕ изјави дека основен проблем на работните групи за договорот од Пржино е инсистирањето на СДСМ дијаспората да нема свој пратеник во Македонија

СДСМ, како што рече, има залажувачки став кон дијаспората дека не се против тоа дијаспората да гласа, но предлозите што ги давале биле против тоа дијаспората да има пратеник.

Инаку во СДСМ се децидни дека не е спорно да гласаат и нашите иселеници но нивниот глас да биде еднаков на секој глас на граѓанин што живее дома во Македонија.

И ДУИ и ДПА се против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на добивање пратеници од дијспората.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од денешната работна средба во Прилеп најави дека очекува во среда изборниот законик да се најде на гласање во парламентот и со тоа да се затвори уште една точка од договорот во Пржино

XS
SM
MD
LG