Достапни линкови

logo-print

Најмалку 86 загинати во експлозии во Анкара


Две експлозии одекнаа денеска во близина на железничката станица во Анкара. Најмалку 86 луѓе загинаа, а повеќе од 126 се повредени.

Најмалку 86 лица загинаа, а 126 се повредени во денешните експлозии во Анкара, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти.

Цел на нападот бил мировниот марш на опозицијата која повика на запирање на насилството со курдските сепаратисти, припадници на Работничка партија на Курдистан(ПКК).

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган силно ги осуди двојните бомбашки напади во Анкара, нарекувајќи ги гнасни и истакнувајќи дека мета на нападот биле единството на државата и мирот. Ердоган повика на одлучност и солидарност како најважен одговор на теророт. Тој порача дека тие што стојат зад нападите имаат за цел да предизвикаат поделби во општеството.

Неколку часа по двете експлозии во Анкара, Курдската работничка партија (ПКК) прогласи прекин на герилските активности во Турција. Групата објави дека нејзините борци ќе избегнуваат акции освен во случај кога ќе бидат нападнати.

Политичкото крило на ПКК, Сојуз на курдски општини, наведе дека припадниците на ПКК треба да се воздржат од секакви акции кои би можеле да ги нарушат претстојните парламентарни избори во Турција, што се закажани за 1 ноември.

Турската влада нападот го оцени како терористички акт.

Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, го осуди нападот кој се случи утрово во Анкара, пред планираниот мировен марш, во знак на протест против судирите меѓу државата и курдските милитанти.

„Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти. Сакам да изразам сочувство за сите кои изгубиле пријатели и сакани во нападот. Слободата на собирање и слободата на изразување се основните столбови на демократијата“, истакна Јагланд.

XS
SM
MD
LG