Достапни линкови

logo-print

Анкара:Над 80 мртви по експлозиите


Најмалку 86 лица загинаа и 126 се повредени во денешните експлозии што одекнаа во близина на железничката станица во Анкара, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Цел на нaпадот бил мировниот марш на опзицијатa која повика на запирање на насилството со курдските сепаратисти,припадници на Работничката партија на Курдистан,ПКК. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган силно ги осуди двојните бомбашки напади во Анкара истакнувајќи дека мета на нападот биле единството на државата и мирот. Ердоган повика на одлучност и солидарност како најважен одговор на теророт. Тој порача дека тие што стојат зад нападите имаат за цел да предизвикаат поделби во општеството.

Генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд го осуди нападот кој се случи утрово во Анкара, пред планираниот мировен марш, во знак на протест против судирите меѓу државата и курдските милитанти.

- Утринските вести од Анкара се шокирачки и вознемирувачки. Тоа што се случи е суров и варварски напад на мирните демонстранти. Сакам да изразам сочуство за сите кои изгубиле пријатели и сакани во нападот. Слободата на собирање и слободата на изразување се основните столбови на дмеократијата, истакна Јагланд.

XS
SM
MD
LG