Достапни линкови

Кина предупредува за провокации во Јужното Кинеско Море


Кина ги предупреди САД да не преземаат провокативни активности во нејзините територијални води во Јужното Кинеско Море. САД ја разгледува можноста за испраќање бродови во спорните делови на Јужното Кинеско море. Кина тврди дека во најголем дел Јужното Кинеско Море е нејзина територија, но, Филипини, Виетнам, Малезија, Брунеи и Тајван имаат побарувања кон некои острови и гребени. САД сигнализираа дека не го признаваат суверенитетот на Пекинг врз поморската територија во Јужното Кинеско море и сметаат дека тоа е во расчекор со меѓуанродните норми.

XS
SM
MD
LG