Достапни линкови

Преговорите за изборната регулатива продолжуваат и денеска


Преговорите за изборната регулатива продолжуваат и денеска, откако и вчера не беше постигнат договор по билатералните средби на белгискиот експерт Питер Ванхауте со преставниците на политичките партии.

Во текот на денот, Ванхауте би требало да го доработи предлог-законот за кој се дискутираше на средбите со партиските преставници и да го прилагоди според забелешките што ги дале партиите. Во недела не е исклучена повторна средба и конечна верзија што би требало да биде прифатлива за сите страни во процесот.

XS
SM
MD
LG