Достапни линкови

logo-print

Американско-руските воени разговори ќе продолжат


Русија и САД ќе ги продолжат разговорите за да се избегнат несреќи во сирискиот воздушен простор, бидејќи двете земји спроведуваат посебни воздушни акции, изјави американски официјален претставник. Пентагон изрази вознемиреност оваа недела, откако Русија не успеа брзо да одговори на американските предлози понудени во текот на почетокот на разговорите, додека имаше ракетни напади од Каспиското Море и постојано кршење на турскиот воздушен простор. Но секретарот за односи со јавност на Пентагон Питер Кук рече дека Москва сега поднела соодветен одговор. Тој рече дека следната рунда разговори ќе се одржи во наредните денови . Разговорите се однесуваат на основните безбедносни мерки.

XS
SM
MD
LG