Достапни линкови

САД загрижени поради разговорите меѓу Јапонија и Русија


САД изразија загриженост за мировните и трговските разговори меѓу Јапонија и Русија во последниве неколку месеци, што укажува дека западните санкции против Москва Токио не ги почитува. Портпаролот на Стејт департментот на САД Џон Кирби изјави дека "генерално земено, сега не е време за бизнис, како и обично со Русија", додека продолжуваат борбите меѓу владините сили и и бунтовниците во источниот дел на Украина. Кирби посочи дека односите на Јапонија со Русија треба да продолжат внимателно. Заменик-министрите за надворешни работи на Русија и Јапонија одржа разговори на 8 октомври, околу долготрајниот спор околу Курилските острови. Јапонскиот министер Шинсуке Сугијама изјави дека територијалниот спор останува камен на сопнување. Руски дипломати повикаа на дијалог и сепак, се оптимисти за склучување договор со Јапонија. Путин неодамна се сретна со јапонскиот премиер Шинзо Абе, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, во обид за заживување на економските врски.

XS
SM
MD
LG