Достапни линкови

logo-print

Русија и Украина без договор за реструктуирање на долгот


Москва нема да направи компромис за долгот на Украина, изјави рускиот министер за финансии Антон Силуанов пред средбата со украинскиот министер за финансии, Наталија Сареско. Тој изјави дека Русија ќе инсистира на целосна отплата на долгот во висина од 3 милијарди долари."Ние имаме цврста позиција, без компромиси изјави Силуанов, на маргините од состанокот на Меѓународниот монетарен фонд во Лима, Перу. По средбата, со посредништво на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, Јареско рече дека таа побарала од Русија да учествува во преструктуирање на долгот на Украина со приватните кредитори. Но Силуанов истакнал дека долгот што Киев и го должи на Москва е државен долг и мора да се третира поинаку од комерцијални долгови. Тој додаде дека Русија има потреба од пари, особено во сегашните услови, кога пристапот на руските компании на меѓународните финансиски пазари е ограничен.

XS
SM
MD
LG