Достапни линкови

logo-print

САД:Да не се брза со инвестирање во Иран


Администрацијата на Обама им порача на странските влади и на американските банкари дека санкциите против Иран остануваат во сила и оти не треба да брзаат да инвестираат во Иран. Стејт департментот на САД испрати демарш, до амбасадите низ целиот свет за да потсети дека санкциите врз Иран се уште се во сила .Во пораката се наведува дека санкциите врз Иран нема да бидат укинати додека Меѓународната агенција за атомска енергија не потврди дека Техеран е целосно согласен да ги исполни условите од нуклеарниот договор псотигнат во јули, за намалување на нуклеарните активности . Предупредувањето најверојатно било поттикнато по критиките до Вашингтон дека други земји се брзаат да инвестираат во Иран. Бизнис делегации предводени од високи владини претставници од повеќе земји го посетиле Техеран од јули - вклучувајќи ги Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Јапонија и Индија - со цел да разговараат за иднината на трговските можности.

XS
SM
MD
LG