Достапни линкови

Убиени 100 милитанти во јужен Авганистан


Авганистанската полиција вели дека најмалку 100 талибански борци биле убиени и најмалки 50 се повредени во специјална воена операција поддржана со воздушни напади на НАТО во северната провинција Кандахар. Портпаролот на Кандахар Зиа Дурани рече дека операцијата на авганистанската гранична полиција била започната во текот на ноќта откако десетици бунтовници влегле во Кандахар од соседниот Пакистан. „Имавме разузнавачки укажувања дека милитантите влегуваат во Авганистан и бевме подготвени“, рече Дурани за Радио Слободен Авганистан. За време на операцијата биле уништени многу видови на оружје. Се уште нема коментар од страна на Талибанците.

XS
SM
MD
LG