Достапни линкови

Четворица загинати во напади во Авганистан


Авганистанските власти велат дека четири цивили денеска биле убиени и седум повредени во одделни напади во главниот град Кабул и во провинцијата Логар. Гувернерот на Логар, Халим Фидаи рече дека во провинцијата се убиени три лица и четри биле повредени, откако биле фатени во вкрстен оган меѓу Талибанците и владините сили. Тој вели дека трупите биле фатени во заседа додека спроведувале воена операција во близина на џамија. Во меѓувреме во Кабул полицијата соопшти дека три бомби експлодирале во близина на светилиште при што бил убиен еден цивил, а тројца биле повредени. Полицијата вели дека се уште никој не ја преземал одговорноста за нападот.

XS
SM
MD
LG