Достапни линкови

Сириска НВО: ИД заземале неколку села кај Алепо


Антивладини сириски активисти велат дека милитантите на групата на Исламската држава заземале неколку села во близина на градот Алепо. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон денска соопшти дека групата на ИД ги заземала селата Тел Сусин и Тел Карах од други групи кои се борат против претседателот Башар ал-Асад. Шефот на организацијата Рами Абдулрахман истакна дека напредокот се случил во пресрет на руските воздупни напади во Сирија, за кои Москва вели дека се против ИД. Тој верува дека само 10 отсто од нападите биле насочени кон екстремистичката група ИД. Руското Министерство за одбрана денска соопшти дека во последните 24 часа погодиле 60 цели на терористите во Сирија.

XS
SM
MD
LG