Достапни линкови

Средба на Порошенко и Назарбаев во Астана


Украинскиот претседател Петро Порошенко и неговиот колега од Казахстан, Нурсултан Набарзаев во Астана дискутираа за билатералните врски. Двајцата лидери исто така разговараа и за ситуацијата во источна Украина каде во конфликтот меѓу сепаратистите и владините сили загинаа 7900 луѓе, од април 2014 година. Порошенко по разговорите рече моменталната ситуација во регионите Доњецк и Луганск дава причини за „внимателен оптимизам“ за целосно имплементирање на договорот од Минск. Назарбаев рече дека неговата земја го поддржува процесот од Минск, нагласувајќи дека нема друга алтернатива за мирно решение на конфликтот.

XS
SM
MD
LG