Достапни линкови

МВР: Низ Македонија минале вкупно 127.553 мигранти


Нови 2.569 странски државјани добиле потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил во текот на вчерашнит ден и ноќеска. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди најбројни се државјаните на Сирија, Авганистан, Ирак, додека другите се во помал број. Во периодот од 19 јуни оваа година до денеска издадени се потврди на вкупно 127.553 странски државјани, соопштува МВР. Во изминатите 24 часа до Одделението за азил поднесени се 18 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, и вкупно 68 во изминатите помалку од четири месеци.

XS
SM
MD
LG