Достапни линкови

ЕУ подготвена да укине дел од санкциите кон Белорусија


Брисел е подготвен да ги суспендира санкциите на скоро 140 државјани на Белорусија, вклучително претседателот Александар Лукашенко доколку не се слиучат остри политички мерки за време на претседателските избори на 11 октомври. Санкциите кои вклучуваат замрзнати имоти и забрани за виза на крајот на октомври ќе бидат официјално суспендирани на четири месеци, велат извори на ЕУ. Доколку се случат нови кршења на човековите права, ЕУ ќе ги задржи санкциите кои се обновуваат секои 12 месеци по нападите што се случија на претседателските избори во 2010 година. Тековните санкции се наметнати кон 201 лице и 18 компании. Некои од имињата и натаму ќе останат под санкциите, а на сила ќе остане и ембаргото за оружје против Белорусија.

XS
SM
MD
LG