Достапни линкови

logo-print

Препораката за преговори не е загарантирана


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Доколку не се испочитува договорот од 2 јуни, може и да се случи и да не ја добиеме препораката за почеток на преговорите со ЕУ, вели вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.

И оваа година, со тоа што се постигна со договорот од 2 јуни и со пакетот на реформи во итните реформски приоритети, Македонија е на патот кон повторно добивање уште една препорака, но тоа не е загарантирано, вели вицепремиерот Фатмир Бесими во пресрет на новиот извештај на ЕК за напредокот на земјава.

Доколку не се испочитува договорот од 2 јуни, доколку не целосно работиме на исполнување на итните реформски приоритети, може и да се случи препораката и да не ја добиеме. Меѓутоа, интерес и на Македонија и на ЕУ е секако да се работи на подобрување на климата и реформскиот ангажман за Македонија и оваа година да има препорака.

„Доколку не се испочитува договорот од 2 јуни, доколку не целосно работиме на исполнување на итните реформски приоритети, може и да се случи препораката и да не ја добиеме. Меѓутоа, интерес и на Македонија и на ЕУ е секако да се работи на подобрување на климата и реформскиот ангажман за Македонија и оваа година да има препорака. Значи, во таа насока оди, како што веќе работат и на исполнување на политичкиот договор и во однос на реформите Македонија чекори кон еден извештај со препорака“, изјави вицепремиерот Бесими, кој е гостин во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Владата во последните неколку години постојано се соочува со критики дека тапка во место пред вратата на европското семејство, неколку години по ред добиваме извештаи во кои ни се повторуваат едни исти забелешки, а во пресрет на добивањето на новиот извештај јавноста добива впечаток за комотно однесување со тоа што се пробиваат роковите од договорот од Пржино и преку ноќ брзопотезно се носат, па се повлекуваат закони, како што беше случај со законот за необјавување на бомбите.

Бесими вели дека ќе се видело на избори дали владата и лично тој треба да понесат одговорност за темпото и начинот на кој Македонија се приближува кон ЕУ.

„Во контекст за одговорноста пред граѓаните во април наредната година, како што е планирано, на избори граѓаните ќе го дадат својот глас. А секако во однос до каде оди процесот во одредени области, секој треба да си сноси своја одговорност, а секако и јас“, вели Бесими.

Експертите коментираат дека треба да се воспостави нормална релација меѓу народот и политичарите за тие конечно да почнат да одговараат за своите постапки за остварување или неостварување на нашите цели, Македонија да влезе во НАТО и ЕУ, поставени во 1991 година.

„Мислам дека тоа ќе се случи кога сепак Македонија ќе стане една нормална држава, кога ќе се консолидира внатре демократијата и кога ќе ги решиме тешките проблеми што ги имаме со соседите“, вели професор Денко Малески.

Тој објаснува дека фактот што сме блокирани во нашите евроатлантски интеграции од Грција од самиот почеток на нашата независност и нерешавањето на овој тежок и емотивен проблем за македонските политичари е изговор дека правиме сè што можеме, но дека сме блокирани од држава членка на НАТО и ЕУ. Малески дополнува дека од друга страна проблемот е толку непопуларен меѓу политичарите што тие се среќни дека не мора да го решаваат, а оти тој исто така е и извор на гласови, бидејќи тие се јавуваат во улога на бранители на националната чест. Според професор Малески, мораме да работиме во насока некако да ги разрешиме овие проблеми.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG