Достапни линкови

Денеска, Нобеловата награда за мир


Претставници на Нобеловиот комитет денеска во Осло ќе соопштат кој е добитник на годинашната Нобелова награда за мир. Нема поголеми фаворити меѓу 273 номинирани. Меѓу нив се германскиот канцелар Ангела Меркел, Папата Франциско, двајца преживеани во атомските напади врз Хирошима и Нагасаки во 1945 година и Агенцијата на Обединетите нации за бегалци. Кандидати се и американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на иранската дипломатија Џавад Зариф за постигнатиот договор за ограничување на иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG