Достапни линкови

НАТО ќе задржи повеќе сили во Авганистан


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг

НАТО ја остава отворена можноста да задржи повеќе сили во Авганистан од претходно планираните и по 2016 година, соопштија министрите за одбрана на Алијансата по нивниот вчерашен состанок во Брисел. „Моето чувство е дека повеќето сојузници имаа волја да останат подолго доколку е тоа потребно“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Американскиот секретар за одбрана Еш Картер побара од сојузниците да ја разгледаат ваквата можност со цел дополнителна обука на авганистанските сили. Според сегашниот план, Соединетите држави по 2016 година би ги редуцирале силите на илјада.

XS
SM
MD
LG