Достапни линкови

САД цврсто кон Русија и покрај примирјето во Украина


Американскиот помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања Викторија Нуланд

Американскиот помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања Викторија Нуланд

Американскиот помошник државен секретар за Европски и Евроазиски прашања Викторија Нуланд изјави дека Соединетите држави ќе ги задржат санкциите против Русија се додека целосно не биде спроведен мировниот план што во почетокот на годинава беше постигнат во белорускиот главен град Минск. Нуланд говорејќи во сенатскиот Комитет за надворешни односи прецизира дека санкциите кои беа воведени по руската анексија на Крим во март минатата година ќе останат на сила се додека Москва не се согласи да ги повлече своите сили. „Ќе ги оценуваме Русија и проруските сепаратисти според нивните дела, не според нивните зборови“, рече Нуланд.

XS
SM
MD
LG