Достапни линкови

Јункер: на Европа и требаат подобри односи со Русија


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека Европа мора да ги подобри односите со Русија. Говорејќи во германскиот град Пасау тој додаде дека Русија би требало да биде пристојно третирана. Јункер го критикуваше американскиот претседател Обама кој Русија ја окарактеризира како регионална сила. Русија сака со неа да се разговара на рамноправен начин и тука русите се во право“, изјави Јункер, додавајќи: „Не можеме да дозволиме нашите односи со Русија да бидат диктирани од Вашингтон“. Сепак, претседателот на Европската комисија Јункер ја критикуваше Москва за анексијата на Крим што доведе до замрзнување на односите меѓу Западот и Русија како за време на Студената војна. Овие односи дополнително се влошија откако Москва почна воздушна кампања во Сирија против опонентите на претседателот Башар ал Асад.

XS
SM
MD
LG