Достапни линкови

ЕУ им вети поголема помош на балканските земји


шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини

Европската унија се обврза да им даде помош на балканските земји, како и на оние кои се во соседство на Сирија и кои се соочуваат со бегалската криза. Унијата повика и на поголема соработка со цел подобра „поделба на товарот“. „Мораме да ги здружиме силите за да се соочиме со проблемот што ќе продолжи и ќе биде тежок“, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. На конференцијата „Источен Медитеран, Западно балкански пат“, посветена на масовниот прилив на мигранти и бегалци од Средниот исток учествуваа министрите за внатрешни работи и правосудство на Европската унија, Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Турција, Либан и Јордан. Могерини ги повика сите страни да пронајдат заеднички решенија за заедничкиот предизвик. „Тоа не е само европска, туку и регионална и глобална криза“, изјави таа. Во заедничката декларација, Унијата вети помош, но побара и отворање нови центри за регистрирање на бегалците, поефикасно управување на границите и поголема борба против шверцот на мигранти. Пред конференцијата во Луксембург Европскиот совет одобри дополнителни 17 милиони евра за Македонија и Србија како помош за справување со бегалската криза. „Ова е важен сигнал за континуирана европска солидарност“, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

XS
SM
MD
LG